Од 4 до 7 јули во Скопје, во Градски парк кај „Школка“ ќе се одржи Првиот фестивал „Самерленд”.

Секојдневно ќе има богата музичка програма и забавни активности за сите возрасти. Покрај музичките изведувачи кои ќе настапуваат секој ден, во склоп на фестивалот ќе има и фан зона со друштвени и видео игри, флипери, фудбалчиња и табла. За најмладите ќе има детско катче со едукативни и забавни настани, а предвидени се и изложби, цртање во живо, часови по танц, спортски активности, панел дискусии, кино на отворено и уште многу содржини кои ќе го направат летото во Скопје незаборавно.

Отворањето е во четврток (04.07), а забавната програма ќе се одвива секојдневно од 18:00-00:30. Летната забава на Школка, во четврток ќе започне со групата „Нокаут“, а викендот е резервиран за трибјут настапи – во петок, ЕКВ, Бјиело Дугме Трибјут и Ѓорѓе Балашевиќ Трибјут, во сабота и недела пак, странски артисти кои прават светски шоуа со трибјути на Арктик Манкис и Џо Кокер и Ајрон Мејден и Металика.

Фестивалот „Самерленд” е под покровителство на Град Скопје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.