На повидок е викендот за незаборавен провод во Умаг на третиот по ред и најмоќен до сега Sea Star фестивал кој ќе биде одржан на 24-ти и 25-ти мај, но и со журката за отворање на фестивалот, која започнува за само неколку часа, како и голем afterparty со изгрејсонцето во недела наутро! Во кристално чистата лагуна Стела Марис во Умаг пристигнува врвна музичка екипа која ја предводат најголемата хип-хоп група на сите времиња Wu-Tang Clan, водечките техно ѕвезди на денешницата Sven Vath и Nina Kraviz, британската трап-џез сензација IAMDDB, светскиот хитмејкер Mahmut Orhan, водечките регионални изведувачи Bajaga & Instruktori, Hladno pivo, Vojko V и бројни други! Првите посетители ќе заиграат веќе вечерва со прекрасното зајдисонце покрај море на три бини – Silent Octopus, Electric Waves и Beach Grooves, додека утре, 24-ти мај, фестивалот ќе заблеска во полн сјај и капацитет на сите зони! На 10-те фестивалски бини и зони ќе се забавува двојно побројна публика од минатата година, а со големите концертни спектакли во овој последен мајски викенд летото може и официјално да започне!
На одлично опремената бина ќе се искачат музичките богови.
Утре 24-ти мај главната сцена, Addiko Tesla Stage, ќе ја заземат водечките електронски изведувачи на денешницата Nina Kraviz и техно таткото Sven Vath, британската трап-џез сензација IAMDDB, диџејската ѕвезда на новата генерација Ilario Alicante, како и регионалните трап асови Vojko V, Fox и High5. Истата вечер на Nautilus Arena ќе настапат Krankšvester, Hazze, Buntai и Smoke Mardeljana поддржани и од Tikach (In da klub), Yung Ile Sosa & Hourglass (Trepaj il krepaj) и Young Leø (In da klub), додека Electric Waves е резервирана за SYSTEM DIVINE, Ana Antonova, Life4Funk и Dino Jukić. Beach Grooves бината ќе ја командуваат Indy и Mr. Fanatik, на Silent Octopus се Kiki B, Sin и Young Leo, а на Exotic Lagunа се Tito, Jovan M, DJ Sesha иChoma.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.