Голем број на светски музички ѕвезди, изведувачи и други познати личности денеска ќе одржат специјален настан од дома за подршка на медицинските работници и Светската здравствена организација (СЗО) во борбата против ковид-19.
Насловот на настанот е „Еден свет: Заедно дома“ и истиот ќе се пренесува на бројни ТВ станици низ светот, но ќе може да се следи во живо и на интернет на различни платформи, како Фејсбук, Јутјуб, Твитер и други.
Детали за следењето на глобалниот настан можете да најдете на следниот ЛИНК
Преносот на овој настан почнува денеска во 14 часот на социјалните мрежи и преку лајф платформа, а заработката е наменета за напорите на организацијата „Граѓани на светот“ (Global Citizens) да им се даде поддршка на здравствените работници кои се наоѓаат во првите борбени редови против пандемијата и на СЗО.
Според досегашните најави, концерти од своите домови ќе одржат Ролинг Стоунс и Били Ајлиш, додека на листата на музички ѕвезди кои ќе имаат свој удел во целиот настан се и Ени Ленокс, Селин Дион, Елтон Џон, Џенифер Лопез и многу други. Но, освен музичари, вклучувања ќе имаат и спортисти, како светскиот шампион во Формула 1 Луис Хамилтон, актери, како Семјуел Џексон, Џеки Чен, познати водители, како Опра Винфри, Џими Кимел итн.
Глобалниот настан ќе трае 8 часа, а важна улога во него ќе и има суперѕвездата Лејди Гага. Меѓудругото, се очекуваа таа да пренесува искуства и приказни раскажани од медицинскиот персонал кој е во првата борбена линија со коронавирусот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.