британската пејачка, Рита Ора, останала заглавена во Бугарија откако беа прекинати сите летови од земјата кон Велика британија до 31 јануари. Како што пишуваат британските медиуми, поради таа забрана, 30-годишната Рита најверојатно ќе остане во Бугарија за време на Божиќ.
Пејачката неодамна се соочи со гневот на британската јавност и голем дел од обожавателите кои и свртија грб кога ги прекрши здравствените протоколи поканувајќи 30 луѓе на својата роденденска забава во Лондон за што и беше изречена казна од 10.000 фунти.
View this post on Instagram
Музичката ѕвезда снимала на нов видео спот со надеж дека ќе го оттргне вниманието на британската јавност, па решила снимањето да го премести во Бугарија, надевајќи се дека таму нема да привлече големо внимание. Сепак, таквите нејзини обиди останаа безуспешни, поради појавата на новата мутација на корона вирусот и стопирањето на авиолиниите што следуваше.
View this post on Instagram
„Заробувањето“ во Бугарија е најновиот проблем за Ора во периодот на пандемијата. Таа, исто така, ги игнорираше регулативите за изолација по враќањето од нејзиното патување во Египет, па мораше повторно јавно да се извинува за своите постапки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.