Британската пејачка со потекло од Косово, Рита Ора, ужива на луксузно летување во Грција.

Пејачката е таму со своето момче, режисерот Ромејн Гаврас и со своето семејство.

Рита e во посета на грчкиот остров Крф каде што ја изнајмила луксузната вила „Ultima Corfu“, во која една вечер чини дури 17.000 фунти, објави „Дејли мејл“.

Вилата во која престојува во Крф е сигурно соодветна за супер sвезда, која може да се пофали со седум апартмани, бесконечен базен на две нивоа и сопствена приватна јахта од 78 метри.

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.