Јелена Карлеуша поради заминувањето на нејзината мајка нема да се појавува на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“, а нејзина замена во жирито е Ивана Петерс од Негатив, која заедно со Карлеуша ги подучуваше нејзините кандидати.
Првата епизода на шоуто, без Карлеуша помина многу емотивно.
Џорџ го допре настап на мајка и ќерка кои заедно пееја на сцена, а Вики не можеше да ги сокрие солзите.
Погледнете како изгледаше тоа:
Сепак по се изгледа дека Јелена се враќа на сцената многу побрзо од што се очекуваше.
Неофицијалните информации се дека ЈК ќе се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд” во рок од една недела, иако таа сè уште не се чувствува добро од настанот што ја погоди.
„Карлеуша е одличен професионалец во својата работа и таа е свесна дека и во оваа голема болка не е добро подолго време да се повлече од сцената, зашто постојано и подолго ќе страда. Потребно и е друштво во оваа тешка ситуација, бидејќи осаменоста може да предизвика депресија. И треба нешто што ќе и ги оттргне мислите од големата трагедија, па веднаш штом ќе застане на нозе, ќе се обиде да се врати што е можно поскоро во жирито на музичкото талент шоу „Ѕвздите на Гранд“ – вели еден извор кој додава дека пејачката нема веднаш да почне со настапи.
По повод овие наводи, „Гранд“ продукцијата и саша Поповиќ се’ уште јавно не се огласиле, иако како нејзина замена експресно беше ангажирана пејачката Ивана Петерс, која и онака е дел од менторскиот тим на продукцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.