Првиот голем солистички концерт на Влатко Лозаноски синоќа ја наполни ВИП Арената „Борис Трајковски“ до последното место. Публиката својот миленик го следеше во изведбите на сите негови хитови. Меѓу присутните имаше од сите генерации, од тинејџери до возрасни, имаше и од неговото родно Кичево. И самиот изненаден од бројноста на публиката, тој рече:
„Не верував дека има надеж, дека некогаш ова ќе ми се исполни. Вие ми докажавте дека има надеж“, рече Лозано.
Со тоа ја најави песната „Надеж“. Публиката со своите мобилни телефони ја осветли арената додека Лозано ја пееше„Сонце не ме грее“, се редеа хитовите: „Ова лето ќе се памти“, „Жена како ти“ „Мандарина“ и уште неколку весели песни кои ги разиграа фановите…Влатко го почна концертот со „Километри“, и „Јако, јако“.
На концертот како што беше најавено гости беа Мартин и Стефан од „Некст тајм“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.