Ја запознавме како пејачка, па нè изненади како водителка за по подолга пауза повторно да се врати во водите во кои најсигурно плива – музичките.
Авторката на музичката емисија „Улица Македонија“, пејачката Бојана Скендеровски по подолга пауза ѝ се враќа на македонската музичка сцена со нова песна.
Малку повозрасната публика и тоа како знае за Бојана, која пред десет години беше можеби една од најакативните пејачки на домашната сцена. Особено ја паметат по нејзиниот мега хит „Во дилема“, на кој се појавија и Роберт Билбилов и раперот Тони Зен.
Овојпат нешто сосема друго, нов музички правец за кој е заслужен еден од најдобрите композитори во нашата земја, Николче Мицевски.
„Круна“ е името на нејзината песна, за која како кажавме како автор се потишува Николче, додека пак текстот е дело на Сара Пројковска. Таа беше промовирана вчеравечер (среда) во живо на фејсбук-страницата на Бојана.
Да бидам искрена не беше лесно да се избере песна, бидејќи ова е мое враќање на македонската музичка сцена ако може да се каже така и сакавме со Николче да биде нешто навистина одлично. Преслушав и доста други песни од други композитори, но највеќе верував дека ова е песната со која треба да се вратам, вели Скендеровски.
За песната Бојана сними и видеоспот на кој работеше професонална екипа од продукцијата „Скендеровски“, а се снимаше на неколку локации во Скопје. Она што е интересно, што покрај Бојана во спотот се појавуваат и нејзините деца, ќеркичката Искра и синчето Ѓорѓи.
Кога на моите најблиски им кажав дека името на песната е „Круна“, нормално првото прашање беше од каде името и какво значење има. Круна на мојот живот се токму моите две деца и поради тоа симболично со Николче го одбравме тоа име за песната – објаснува пејачката.
Таа вели дека ова е само почеток, бидејќи нејзините планови се да биде повеќе активна во полето на музиката, но нема да се откаже и од нејзината втора љубов, а тоа е работата како водителка на музички емсии.
Погледнете и уживајте:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.