Прилепчани денеска масовно на социјалните мрежи бараат организаторите да го откажат концертот на Тамара Тодевска кој е закажан за овогодинешниот 17-ти по ред фестивал на скарата и пивото, “Пивофест 2019”.

Taмара според програмата треба да настапи на третата фестивалска вечер (20.07.2019).

Причината за оваа реакција на граѓаните следува откако пејачката на вчерашниот настап во Американската амбасада, пеејќи ја државната химна на Македонија ја изостави строфата каде се спомнуваат Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански…

Тамара подоцна се извини преку нејзиниот Фејсбук профил, барајќи граѓаните да и простат за овој нејзин пропуст.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.