Северина Којиќ е трудна, тврдат нејзините пријатели. Поп ѕвездата ги откажала сите настапи, а не се појави ниту на концертот на својот свекор, Драган Којиќ Кеба, пред една недела. И самиот фолкер ги подгреа овие гласини, велејќи дека наскоро ќе пее на прославата на раѓањето на својот внук.

Сигурен сум дека Северина и Игор го чекаат своето прво дете, но тоа го кријат од јавноста. Тоа го кажале само на најблиските. Таа одеднаш ги откажа сите концерти, а не беше ниту на концертот на Кеба. Се правдаше дека поради настинка не се појавила како гостинка на концертот на својот свекор, но никој не и верува. Знаеме дека беше во Америка на клиника за лекување стерилитет, и очигледно тие и помогнале да затрудни – открива пријател на брачниот пар и додава дека е логично Северина, со оглед на своите години да сака првите месеци да ги помине во мир.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.