На радиостаниците низ Македонија денеска премиерно ќе биде пуштена „Божиќна песна“, која македонскиот музичар Влатко Илиевски ја изведува со хорот „Златно славејче“, но досега не е објавена. Станува збор за стара детска песничка, чија музика и аранжман се на Кире Костов, текстот на Љупчо Јакимовски, а новата верзија е снимена е во студиото „Торус“ на Александар Митевски.
Пред извесно време беше издадено и цеде со најголемите хитови на Влатко, насловено „За љубов се пее до крај“, а песните што популарниот пејач се подготвувал да ги стави на новиот албум исто така наскоро ќе ѝ бидат претставени на јавноста.
Хитовите на Илиевски може да се слушнат и на неговиот музички канал на Јутјуб, а во подготовка е и монографија за него. Во план е и организирање концерти „Пријателите за Влатко“, но поради пандемијата на коронавирусот, тие ќе почекаат подобри денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.