Според еуфоричните реакции на публиката, а и ние го делиме истото мислење, синоќа во распродадениот Салон на МОБ, имавме прекрасно отворање на годинешниот OFFest. Catrin Finch & Seckou Keita и Krste Rodzevski, напиша на својот фејсбук профил Оливер Белопета, директорот на Скопски џез фестивал.

Mузичките виртуози, велшката харфистка Катрин Финч и сенегалскиот кора мајстор Секу Кеита, синоќа го започнаа музичкото патување низ светот, како дел од овогодинешното издание на „ОФФ фест“.

Во текот на нивниот настап тие раскажуваа случки од своите краишта преку нивната музика. Секу ја раскажа приказната за островот Горе и француската инвазија од 1677 – годината по која именувале и една од своите песни, додека Катрин се осврна на случка во нејзиниот роден Велс, кога пред повеќе од 50 години властите решиле да го потопат селото Капел Келин за да обезбедат вода што ќе ја користат луѓето од Ливерпул. Овој настан предизвикал лутина низ целата земја. Околу 70 жители ги изгубиле своите домови за да се создаде езерото.

фото: Сашо Алушевски

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.