Кит Флинт неодамна се скарал со Мајуми Каи, јапонска диџејка, со која бил во брак од 2006 година. Поради развдот Кит, пишуваат британските медиуми, паднал во депресија и се чувстввуал лошо.
Ненадејната смрт на на фронтменот на Продиџи не само што ги шокира обожавателите на британската група, ги шокира и неговите пријатели и колегите од групата. Британски Сан пренесува дека Флинт неодамна се развел од сопугата Мајуми Каи, јапонска диџејка со која бил во брак од 2006 година. Поради разводот, пишуваат британските медиуми, Кит паднал во депресија. Не можел да ја поднесе разделеноста, па на крајот решил да ја продаде заедничката куќа. Само неколку дена пред смртта фронтменот на Продиџи се распрашувал за продажба на семејната куќа во Есекс, каде што живеел со Каи.
Во моментот кога се самоубил Флинт, Каи била во Јапониjа, кај своето семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.