Вечерва со почето во 20 часот во Арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи 23 издание на манифестацијата „Златна Бубамара на популарноста“.

Целата екипа со години работи овој ден од годината да уживаме во смеа, музика, танц, хумор. Во духот на слоганот за оваа година „Нема правда, има Бубамара“ неодамна го објавија постерот на  23 издание, кој отсликува еден дел од настаните од изминатата година, а за најубавите моменти  ќе се погрижат најголемите уметници, спортисти и музички имиња кои заедно со екипата на Бубамара подготвуваат незаборавно шоу.

Празникот на смеата, убавата и чиста мисла оваа година  се паѓа во четврток на 27 февруари, велат од Радио Бубамара и ни порачуваат да дишеме еколошко гориво, читаме лажни вести и се ќе биде ОК.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.