Педесет и деветгодишната Мекензи Филип пред неколку години ја шокираше јавноста кога во емисијата на Опра Винфри откри дека била во врска со нејзиниот татко, покојниот пејач на групата „Мамас енд Папас“, Џон Филипс. Актерката објави и книга во која зборува за својата борба против зависноста, но и открива дека семејството ѝ порачало дека сама е виновна за тоа што ѝ се случило.
Не ме викаат на семејни прослави, бесни се кон мене и ми зборуваат дека не се подготвени да ми простат. Не сакаат да ми го простат тоа што бев злоставувана, но и фактот што сè објавив пред светот. Моето семејство не ми ги простува болката и бесот кои сум им ги нанела кога ја открив вистината за мојот татко. Тие ја обвинуваат жртвата, а го бранат злосторникот. Знаев дека ќе бидам мета на вакви реакции затоа што ја кажав вистината која никој не сакаше да ја чуе, пишува Мекензи.
Во книгата таа открива дека татко ѝ првпат ја силувал кога имала 19 години, додека и двајцата биле под дејство на дрога и алкохол. Тој ја силувал ноќта пред нејзината свадба, а подоцна доброволно се впуштиле во врска која траела до 1989 година, кога затруднила, но не знаела дали детето е на нејзиниот татко или на нејзиниот сопруг.
Филипс ѝ го платил абортусот, по што таа не сакала никој повеќе да ја допре.
Џон Филипс почина во 2001 година, после долга борба со зависностите од наркотици и алкогол. И Мекензи долго се борела со пороците, но на 50 години го променила животот, а сега работи како советник во Центар за рехабилитација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.