Пејачката Ели Брук, членка на женскиот бенд „Петта хармонија“, ги изненади своите обожаватели ширум светот кога во своите мемоарите откри дека сè уште е девица на 28 години.

Таа напиша дека се чува за бракот, па сè додека не се омажи Брук одлучила дека нема да спие со ниту еден маж.

Таа за својата одлука напиша во мемоарите, а подоцна проговори и во интервјуто за „Холивуд роу“.

Тоа го ставив во мојата книга, се отворив за тоа. Среќна сум што можам да го споделам со моите обожаватели и читатели, да им покажам каква одлука донесов, а тие тоа нека го прифатат како што сакаат – изјави пејачката.

Брук додава дека сите нејзини досегашни момчиња ја почитувале таа одлука.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.