Педесет и деветгодишниот Миле Андрески од Македонски Брод во синоќешното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, ги освои и публиката и жирикомисијата, која имаше само пофални зборови за неговиот настап, но и неговиот шарм и стајлинг.

Јас не знам што е ова, но порано вежеше дека докторите се многу музикални, но изгледа дека пожарникарите го превземаат тој примат, се пошегувал познатиот композитор Маре.

Миле се претстави со песна на Здравко Чолиќ, а тоа особено ја израдува Гоца Тржан.

Јас се наежив од глава до пети. Преубава емоција, вие оваа песна ја донесовте на најдобар можен начин и мислам дека направивте многу убав спомен, рекол пејачот Неша Манојловиќ.

Инаку Миле е татко на младиот и талентиран хармоникаш Никола Андрески, кој веќе настапува со најпознатите музички имиња од нашата земја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.