На 23 септември во 21 часот во Куршумли ан во Скопје е најавен целовечерен концерт на Банкрот блуз бенд со пријателите. На сцената после безмалку три децении повторно ќе бидат заедно Петар Ренџов, Сашо Гигов – Гиш и Игор Атанасовски – Харе, а ќе им се придружат и Елена Ставреска – вокал, Венко Серафимов – гитара, Никола Петровски – Џими – гитара, Сашо Георгиевски – харп, Гоце Стевковски – тапани, Мите Димовски – тапани, Дарко Мучев – бас, Сенад Усеин – труба, Кирил Кузмановски – саксофон, Сашко Николовски – тромбон.
Концертот е во рамките на Блуз и Соул фестивал 2020 година.
Во услови што светот не ги памети, скопскиот блуз фестивал, со најдолга традиција на Екс-ЈУ простори, опстојува веќе една четвртина век, секогаш со нова, атрактивна содржина. Во изминативе години на различни сцени во Скопје продефилираа некои од најеминентните имиња на светската блуз и соул сцена, со што градот се профилира како значајно место на мапата на ексклузивни настани од областа на музиката. Неколку извонредни настани, веќе договорени, се пролонгирани за наредната година, но и овогодишното издание, оригинално во својата концепција, ќе понуди настан кој љубителите на блузот во Македонија со години го очекуваа.
Во изминатите години македонската публика имаше можност да ги проследи настапите на стотина релевантни имиња од светската блуз и соул сцена како што се: Candy Dulfer & Funky Stuff (Холандија) , Joao Bosco (Brazil), The Temptations (SAD), Tolo Marton Trio (Italija), Blues Wire (Grcija), Phil Guy (SAD), Louisiana Red (SAD), Mick Taylor (Velika Britanija), Nico Wayne Toussaint (Francija), Tony Vega Band (SAD), Eric Sardinas (SAD), David Honeyboy Edwards (SAD), Alvin Youngblood Hart (SAD), Mama’s Pit (Italija), Jimmy D. Lane (SAD), Jan Akkerman (Холандија) Mighty Sam McClain (САД), Vargas Blues Band (Шпанија), Matt Schofild (Велика Британија), “Tеxas Flood“ (Србија), Ducks Can Groove (Шведска), Raphael Wressnig’s Soul Gift Revue (Австрија), Layla Zoe (Канада), Fulvio Feliciano (Италија), Leon Hendrix (САД) и други, вели организаторот.
Од друга страна, по првите неколку изданија на “Блуз и соул фестивалот” се почуствува неговото влијание во поттикнувањето и етаблирањето на македонската блуз и соул сцена. Тоа се илустрира преку учеството на македонските групи во рамките на фестивалот, како Juke Joint Exprerss, Wild Bunch, Crossroadс, Влатко Стефановски трио, Venko Serafimov & tehe Bluesfakers / blu:zfeikas /, Игор Станоевски, Гуру Харе, Димитар – Мичо Божиков, Damir Puh Blues Project, In the Mood Big Band, The Mole Pack.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.