Северина Којиќ не се појавила на концертот на својот свекор Драган Којиќ Кеба, бидејќи на пола пат од загреб кон Белград жестоко се скарала со својот се уште законски сопруг Игор Којиќ, со кој разговарала по телефон, после што било очигледно дека на нивниот брак му се ближи крајот!
Како што дознава српски Курир, пејачката во вторникот на 4 декември, била на закажаното рочиште во Загреб, поради тужбата на Милан Поповиќ, поранешниот свршеник и татко на нејзиниот син, кој ја тужел за клевета. Таа неколку пати го избегнувала соочувањето со кралот на бакарот, но овојпат морала да излезе пред суд, па три часа после тоа тргнала со автомобил кон Србија.
Страстите после славата на Кеба, пред која Северина побеснела, бидејќи свекор и ги поканил Жељко и Јована Јоксимовиќ, некако се смириле и таа се подготвувала за концертот на Кеба, на кој требало да настапи како специјална гостинка. Купила и фустан, но морала поголем дел од денот да остане во Загреб, поради судското рочиште. И таа и Милан се појавиле на суд, а таа после сослушувањето отишла во соседното кафуле. Била одлично расположена и ништо не најавувало дека нејзиното пристуство на концертот на Кеба ќе се изјалови. Таа и Игор, кој веќе бил на концертот, се слушнале за време на нејзиниот пат и тогаш избила караница, после која на маж и му рекла дека веднаш се враќа во Загреб – рекол извор близок на пејачката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.