Заради најавеното врнежливо време второто издание на Скопскиот Градски Фестивал ќе се одржи во Домот на АРМ, во сабота на 16 октомври, со почеток во 19 часот, соопштија од Баги Комуникации.
За оваа година се најавени настапите на македонската fusion група Zulu 3.4, потоа на словенечко-српското дуо со македонски корени Атанасовски-Хаџиманов дуо и грчкиот виртуоз на хармоника со неговата група Thanos Stavridis & drom.
Ќе беше убаво да можевме Фестивалот да го одржиме на отворено, како што планиравме на Школка, но немоќни сме пред временските прилики. Но тоа не значи дека нема да уживаме во настапите на најдобрите балкански и европски музичари. Ветуваме врвна изведба и возбудливо музичко искуство, вели Манде од Баги Комуникации
Зулу 3.4 е инструментален бенд од Скопје, основан во март 2018 година од тројца млади љубители на џезот, чија цел беше да создадат уникатен звук преку спојување различни стилови и да внесат свежина на македонската музичка сцена.
Васко Атанасовски е водечки словенечки и европски саксофонист а Васил Хаџиманов е најдобриот светски џез-пијанист на електрично пијано.
Thanos Stavridis e водечки грчки музичар, факултетски професор и еден од најдобрите европски инструменталисти на хармоника, Тој ќе го промовира својот нов албум “Spicey Margarita”, прогласен за еден од најдобрите европски World music албуми во 2021 година.
Исто како што беше најавен на Школка, така и во Домот на АРМ влезот за публиката ќе биде бесплатен и возможен само со потврда за целосна вакцинација (со две дози), информираат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.