Влатка Гракалиќ, поранешната пејачка на Сребрени крила, почина еден месец откако дознала дека боледува од рак на матката.
Таа настапуваше со Сребрени крила од 1994 до 2000 година, а во групата се приклучи по заминувањето на Влатка Покос.
Гракалиќ починала во неделата во Норвешка на 48-годишна возраст, потврди за „Вечерњи лист“ сестрата на Влатка, Маја.
Да, за жал Влатка почина во неделата на 31 октомври 2021 година, по кратко и тешко боледување. Простувањето ќе биде тивко во најтесниот круг на семејството. Бараме мир и разбирање во овие најтешки моменти, изјави Маја Гракалиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.