Познатиот тапанар Драгољуб Ѓуришиќ почина на 68-годишна возраст во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, како последица на Ковид-19.

Ѓуришиќ е роден во Цетиње на 10 февруари 1953 година. Свиреше во групата „Леб и сол“, „Кербер“, беше тапанар на Ѓорѓе Балашевиќ и Здравко Чолиќ, а свиреше и со многу други познати изведувачи од регионот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.