Американскиот пејач, текстописец, актер и продуцент Џони Неш, почина на 80-годишна возраст пренесува „ТМЗ“.
Неговиот син Џон Неш третиот изјави дека музичарот починал од природна смрт во неговиот дом.
Беше прекрасен татко и семеен човек. Ги сакаше луѓето и светот. Ќе недостига во нашата заедница. Семејството за него беше сè – истакна синот.
Џони Неш е роден на 19 август 1940 година во Хјустон, Тексас. Својата кариера ја почна кон крајот на 1950-тите години како пејач и актер. Во средината на шеесетите години се сели во Јамајка каде е под влијание на реге-музиката. Џони Неш му помага на својот пријател Боб Марли да почне музичка кариера.
Џони Неш беше еден од првите пејачи кои немаат јамајканско потекло што снимил реге музика во Јамајка. Неговиот последен студиски албум „Here again“ беше објавен во 1986 година.
Неговиот хит „I Can See Clearly Now“ е објавен во 1972 година и беше на врвот на „Billboard Hot 100“ листата на најпопуларни синглови каде се задржа четири недели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.