Австралиската пејачка Хелен Реди, позната по својата песна „I Am Woman“, почина во Лос Анџелес на 78-годишна возраст.

Како што објави „Њујорк тајмс“, пејачката повеќе години страдала од Адисоновата болест, а од 2015 година и од деменција.

Реди беше првата пејачка која не е родена во САД, а се најде на Билборд топ-листата.

Добитничка е на Греми за најдобра женска поп-вокална изведба, а нејзиниот најголем хит „I Am Woman“ стана химна на феминистките ширум светот. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.