Иконата на италијанската музика и телевизија, Рафаела Кара, почина во 78 година после кратка болест, а тажната вест ја соопшти нејзиниот долгогодишен партнер, кореографот Серџо Јапино.

Рафаела не напушти. Замина во подобар свет, каде нејзината хуманост, нејзината непогрешива смеа и нејзиниот извонреден талент засекогаш ќе блескаат – рекол дологодишниот партнер на Рафаела.

Освен водителска кариера, подеднакво била успешна и во пеење и глума. Никогаш не се мажела и јавно зборувала дека не сака брак, но жалела што нема деца.

Рафаела ќе биде запомнета по еден од најголемите хитови “A far l’amore comincia tu”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.