Српскиот музичар и брат на познатиот пејач Тома Здравковиќ, Новица Здравковиќ, почина вчеравечер во КБЦ Звездара во Белград. Тој пред повеќе од две години дозна дека има рак на мочниот меур и дека туморот станал малиген. Беше опериран на почетокот на минатата година, по што изјави дека се чувствува добро, но се плаши дека туморот ќе се прошири на простатата, како што беше случајот со неговиот покоен брат.
Новица Здравковиќ е роден во Лесковац на 21 јули 1947 година. Долги години работеше во сенка на неговиот брат Тома Здравковиќ, за кого го напиша еден од неговите најголеми хитови „Umoran sam od života“. Неговите последни два албума се „Kralj splavova“ и „Ambis mog života“. Најголемиот солистички концерт го одржа на 21 декември 2005 година на Белградскиот саем. Хитот по кој ќе се памети е песната „Ѕplavovi“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.