Еди Ван Хален, славниот гитарист и коосновач на популарната рок-група Ван Хален, почина од рак, објави неговиот син. Холандско-американскиот музичар се лекуваше од рак на грлото.
Неговиот бенд, Ван Хален, е најпознат по песната Jump, која се најде на врвот на американските топ-листи во 1984 година.
Неговиот син Волфганг му оддаде почит на социјалните мрежи, велејќи дека тој е најдобриот татко што некој може да го има.
Срцето ми е скршено и мислам дека никогаш нема да се опоравам целосно од оваа загуба. Многу те сакам, тато“, напиша неговиот син.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.