Американскиот џез композитор и клавијатурист Чик Корија почина на 9 февруари, од редок вид на рак на возраст од 80 години, беше објавено на неговата страница на Фејсбук. Тој со 65 номинации беше уметник со најмногу номинации за Греми награди во историјата, а ја доби престижната награда 23 пати. Тој е добитник и на три латино Греми награди.

Корија е најпознат по својата работа во текот на седумдесеттите години од минатиот век во жанрот на фјужн џез. Тој е еден од пионерите во тој жанр, како член на групата „Мајлс Дејвис“ во текот на шеесеттите години на минатиот век, и продолжи да работи во таа насока со сопствениот бенд „Return to forever“. Од 1980-тите, тој продолжува да истражува различни музички стилови, независно и преку соработка со други уметници.

Сакам да им се заблагодарам на сите што помогнаа да светат огновите на музиката во текот на целиот пат“, напиша тој во пораката пред неговата смрт.

Покрај џез, свиреше и класична музика, па компонираше концерти на пијано и свиреше со лондонската филхармонија. Свиреше и акустични и електрични пијана.

Тој исто така бил дел од голем број музички проекти, а со еден од нив настапи и на Скопски џез фестивал во 2009 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.