Соул-пејачот Бил Витерс почина на 81-годишна возраст од срцеви проблеми, на кои со години им се спротиставуваше.

Тој имаше срце што правеше мостови меѓу поезијата и музиката, зборуваше искрено со луѓето и ги поврзуваше. Неговата музика засекогаш му припаѓа на светот. Во овој тежок момент, се молиме неговата музика да им пружи утеха и забава на луѓето, додека се загрижени за своите љубени – се вели во соопштението на семејството.

Витерс отпеа некои од најубавите песни на сите времиња. Освен „Ain’t No Sunshine“, во оваа категорија секако спаѓаат и „Lovely Day” и “Lean On Me“. Добитник е на три греми-награди, а во рок-ен-рол холот на славните влезе во 2015.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.