Хрватските медиуми пишуваат за пејачката Нина Бадриќ, која објави фотографија со тамошниот министер за здравство, Вили Берош и неговата сопруга. Медиумите и замеруваат на Бадриќ за тоа што претходно пеела на „корона забава“ и не ги испочитувала мерките за самоизолација.
Порталот „Национал.хр“ пишува дека локалните медиуми и присутните од споменатата забава, која се одржала на 6 август годинава, се обидуваат да ги прикријат заразените од прославата, затоа што повеќето од луѓето кои биле таму избегнале самоизолација, а како што велат, меѓу нив е и Нина Бадриќ.
На приватната забава имало повеќе од 100 луѓе, меѓу кои биле и хрватските пејачка Маја Шупут и Северина Којиќ, која набрзо потоа објави дека е позитивна на корона вирус, а позитивен е и самиот славеник и организатор на прославата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.