Познатиот хит на Татјана Матејаш Камерон, попозната по својот надимак Тајчи „Hajde da ludujemo“ со кој во 1990 година настапи на Евросонг и денес се пее, поради ритамот и заразната мелодија по која лудуваат дури и најмладите.

Со оваа песна пораснаа многу генерации, а токму некои нови генерации се најдоа и меѓу своите постари колеги пејачи, па така сите заедно ја снимија новата верзија на песната.

Покрај Тајчи, која за потребите на спотот пред самиот крај го облече и добро познатиот мини фустан во кој настапуваше, и кој се уште и стои одлично, песната ја отпеа и нејзината помлада сестра Сања Матејаш, а тука беа и Алка Вуица, нашата Тијана Дапчевиќ, Фрајле, сестрите Ивана Хусар Млинац и Марија Хусар Римац, Доменика Жувела, Миа Димшиќ како и познатата американска блогерка Кристина Кузмиќ.

„Hajde da ludujemo“ е песна на хрватската пејчака Тајчи објавена во 1990 година на истоимениот албум. Песната на Тајчи и донесе голема слава на подрачјето на поранешна Југославија.

Песната ја напишаа Зринко Тутиќ и Алка Вуица. Пратечките вокали ги пее Милана Владовиќ.

Тајчи песната ја претстави во поранешна Југославија во Загреб во 1990 година, а на евровизија ја отпеа 15-та по ред, а на крајот од гласањето доби 81 поен, освојувајќи го седмото место од 22 држави.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.