Британскиот поп-рок бенд „Пласибо“ на 16 јули 2022 година, ќе одржи концерт на стадионот на АРМ во Скопје. Тие требаше да настапат во Македонија лани во јуни, но поради короната уште во 2019 година ја откажаа нивната европска турнеја, а со тоа и концертот што беше планиран за Скопје, потврди организаторот „Авалон продукција“.
„Само неколку дена по објавувањето на една од најубавите нивни песни досега, новиот сингл Beautiful James, која е најава за новиот албум, добивме дозвола да го објавиме и овој голем настан што ќе се случи догодина“, велат од „Авалон“.
Влезниците за концертот на „Пласибо“ ќе бидат пуштени во продажба во петок, 15 октомври и тоа 1500 денари за партер и 1990 денари за фан пит.
Оние што ги имаат зачувано влезниците за настанот кој требаше да се одржи на 25.06.2020 година, не мора да ги заменуваат картите, бидејќи и тие влезници ќе бидат важечки, додава организаторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.