Најголемата актуелна хрватска пејачка ѕвезда, Петар Грашо во декември доаѓа во Скопје. Тој по долго време ќе одржи солистички концерт во Скопје. Станува збор за два ексклузивни и интимни концерти, во Македонската Филхармонија.
Концертите ќе се одржат на 13-ти и 14-ти декемвври со почеток во 20 часот и претставуваат уникатна можност, човекот кој ги има испеано хитовите „Ако те питају“, „Моје злато“, „Уторак“, „Ко нам брани“…и уште многу други публиката да го види во интимен амбиент во Скопје.

Последен пат во Скопје, Грашо дојде да ја прими наградата за Најпопуларен балкански хит на „Златна Буба Мара на популарноста“ на почетокот на годинава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.