Излезе новиот албум на групата Перија – Falan Filan LP.
Ова е воедно и второ нивно издание за етикетата Шарла Рекордс, по широко прифатениот Кокало ЕР од јули минатата година.

Перија на овој материјал се Катерина Димитровска, Леа Милиновиќ и Филис Синаноска, три девојки од Скопје кои ги потпишаа и отсвиреа сите осум композиции.

Falan Filan (жаргонски израз за ,,бла бла” на турски јазик) е на истата концепциска линија како и споменатиот претходник и со јасна идеја да го состави колажот на силно испреплетените музички и животни приказни на луѓето од балканскиот простор. И тоа со истата духовна сила кој ги опстанала низ историските премрежја во она што денес го славиме како богато културно наследство. Исклучително вреден музички артефакт, испеан на четири балкански јазици, изведен во манир на старите мајстори на традиционални инструменти, автентично, со љубов  посветеност кон традицијата.

Материјалот е снимен во студиото Алшар, продуциран од Ивица Јанкуловски, а омотот на албумот го изработи младиот македонски уметник Сали Ертунч.

Perija – Falan Filan LP може на одредено време слободно да се симне (плати и поддржи) на следниот линк: https://sharla.bandcamp.com/album/falan-filan-lp



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.