Познатната американска пејачка Пинк објави дека е позитивна на коронавиус, и дека ќе донира милион долари за две служби за итни ситуации.
Пинк преку својот твитер профил наведе дека она и нејзиниот трогодишен син симптомите ги почувствувале пред две недели, па се тестирале.
Пинк додаде дека членовите на нејзиното семејство веќе се во куќна изолација и дека се негативни на коронавирус, пренесува АП.
Добитничката на Греми се залага за слободно тестирање.
Голем неуспех за власта е што нема поголем број на тестирања на корона. Оваа болест е сериозна и луѓето мора да знаат дека ги напаѓа и младите и старите, здравите и болните, богатите и сиромашните. Тестовите мора да им бидат на сите достапни, како би ги заштитиле нашите деца, семејството, пријателите и заедницата, истакнала Пинк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.