Не стивнуваат реакциите од јавноста по концертот на Петар Грашо во античкиот театар на локалитетот Хераклеа во Битола, каде наместо предвидените 600 карти, во публика имаше многу повеќе посетители. Скоро никој од нив не носеше маска, а дистанца не постоеше.

Иако повеќето од коментарите на социјалните мрежи се напад кон министерот за здравство Венко Филипче и контрадикторните протоколи од Комисијата за заразни болести, тој досега не се одзва на прозивките и не кажа ништо за преполната Хераклеа, иако обично „многу е разочаран“ од сличните собиранки.

Одговори од Филипче побара и фолк-пејачката Елена Јовческа.

Срамота од цел свет што се смее и од држава во која живееме. Ама свадби нема, крштевки нема…. Неписмена генерација на деца има и така тоа е нашата мила Македонија, напиша Елена и покрена лавина од негативни коментари, особено од колегите кои веќе подолго време се обидуваат да се изборат за своето парче леб бидејќи со месеци не работат и егзистенцијата им е под знак прашалник заради корона кризата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.