Српските медиуми јавуваат дека починал Ѓорѓе Балашевиќ, кантавтор и миленик на публиката од поранешните југословенски простори.
Ѓорѓе Балашевиќ е српски и југословенски пејач, кантавтор и глумец. Роден е 11 мај 1953 во Нови Сад. Има издадено повеќе албуми. Глумел во неколку телевизиски серии за кои ја има напишано и музиката, а режираше и филм, кој го прикажуваше по концертите. Од бракот со Оливера има три деца (Јована и Јелена и Алекса).
Во 1977 откако станал дел од групата Жетва, во истата година го издаваат синглот „У раздељак те љубим“ и со тоа го остварува првиот свој успех. Синглот е продаден во 180.000 примероци, што за тоа време претставувало голем успех.
Следната година ја напушта групата во која се афирмирал и заедно со Верица Тодоровиќ ја формира групата „Рани мраз“ со која настапува на фестивалот во Опатија со песната „Моја прва Љубав“. Во текот на истата година снимаат уште неколку песни.
Пејачот и кантавтор Ѓорѓе Балашевиќ се лекуваше на Инфективната клиника во Белград откако развил пневмонјиа. Тој десетина дена се лечел дома од воспаление на белите дробови, но сега состојбата му се влошила. Сепак семејството не соопшти дали пневмонијата на славниот „панонски морнар“ е резултат на зараза од Ковид-19 или се работи за сезонски грип или обична настинка.
Инаку, Балашевиќ пред две години преживеа инфаркт, по што му беа вградени неколку стента. И заради возраста и заради претходната здравствена состојба тој спаѓа во ризичната група на лица, кои ако се заразат со корона тешко ја надминуваат инфекцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.