Би сакале да им изразиме најдлабоко сочувство на семејствата на починатите во оваа ужасна трагедија што се случи синоќа во Тетово, поралуваат од „Авалон продукција“, додавајќи дека ова што во моментов се случува овде е практично доказ дека и кога е лошо може да биде уште полошо.

Се разбира дека настаните коишто требаше да се случат денеска „Skopje Sounds Good“ и во петок и сабота „Skopje Calling“ се откажани поради прогласената тридневна жалост во Македонија. Сите што имаат купено влезници за овие настани, можат да направат рефундација на во рок од наредните пет работни дена, почнувајќи од понеделник (13.09) до петок (17.09), соопштија од „Авалон“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.