Популарната Витни Хјустон почина во 2012 година во бањата на хотелската соба во која била сместена непосредно пред доделувањето на музичките награди „греми“.

Како причина за нејзината смрт беше наведено давење во кадата полна со врела вода поради откажување на срцето, предизвикано од предозирање, пренесуваат светските медиуми.

Меѓутоа, во американските таблоиди осамнаат нови детали од обдукцијата на телото на славната пејачка, според кои таа изгубила 11 предни заби, како и поголем дел од веѓите.
Според извештајот од обдукцијата, на кој се повикува британски „Дејли мирор“, ѕвездата која почина на 11 февруари 2012 година имала срцево заболување толку напреднато што срцевата артерија ѝ била блокирана 60%.

Витни пред својата трагична смрт беше во Лос Анџелес поради забавата по повод доделувањето на греми-наградите. На својата помошничка ѝ кажала дека ја боли грлото. Подоцна помошничката ја пронашла ѕвездата како лежи во 33 сантиметри вода врела 66 степени Целзиусови.

Извештајот од обдукцијата покажува дека Витни – која имаше 48 години кога беше пронајдена мртва во кадата – имала тешки изгореници на грбот, што предизвикало „лизгање на кожата“ на нозете.

На нејзиниот внатрешен лев лакт имало видливи траги од игла.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.