Организаторите најавија дека годинава ќе настапат дваесеттина познати имиња од музичката електронска сцена. Ѕвезди на фестивалските вечери ќе бидат Стив Аоки, Маркус Сулц, НЕРВО, Вини Вичи, Санери Џејмс, Рајан Маричано и уште многу други.
Низ годините фестивалот привлекува особено внимание, со масовна посетеност на публика од земјата, регионот, па и целиот свет. Годинава според продажбата на билетите, очекуваме рекордна посетеност од 50.000 посетители за сите четири вечери, од кои околу пет илјади странски посетители дневно, рече Ивана Нолчева.
Таа најави дека и за ова фестивалско издание ќе биде подготвена спектакуларна сцена, со врвно озвучување, најсовремени визуелни ефекти, пиротехника, односно сите предуслови за несекојдневно музичко доживување.
Редовно, како и изминатите години, дел од програмата ќе бидат и познати домашни ди-џеи, перспективниот Александар Галоски и електро-дуото Бојан и Андреј Сирилик.
За Галоски „ Охрид колинг “ прераснува во еден од најперспективните фестивали од тој вид не само во регионот, туку и пошироко.
Од годинешниот лајн-ап на учесници на фестивалот може да се види дека истите имиња се дел од понудата на најголемиот светски фестивал „Tomorrowland“, што за мене е особена чест да настапувам со такви имиња, рече тој.
Бојан од дуото Сирилик очекува исклучителни четири музички вечери, со незаборавна забава до раните утрински часови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.