Одложени се мартовските концерти на „Бонд“, Жељко Бебек и „Електрични оргазам“, објави организаторот „Авалон“ на својата страница на Фејсбук.

Со оглед на новонастанатата ситуација и мерките донесени од Владата коишто се поврзани со коронавирусот, сакаме да ве информираме дека концертите се одложуваат и континуирано работиме за да обезбедиме нови дати за концерти во месец мај. Новите датуми ќе бидат објавени во понеделник во 21 часот, велат од „Авалон“.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.