Битолчанецот Менде Куновски вчеравечер пред своите најблиски пријатели, колеги, роднини, но и вљубеници во убавата песна, го промовираше своето првенче во еден познат битолски ресторан.

„Празен календар” е насловот на деби-синглот на Куновски, за кој како автори се потпишуваат Николче Мицевски (музика и аранжман) и Борче Нечовски (текст). Песната е снимена во студио „XL Момировски”. За видеоспотот се погрижи „Веста Продукција“.

Долги години бев член на битолската група „Алтернатор”, но решив дека е вистинско време да создадам нешто сам и нешто што ќе остане да се слуша долги години. Јас вака го замислувам новиот фолк-звук во нашата земја и убеден сум дека ќе и се допадне на публиката, вели Куновски, кој не крие дека му е драго што за првенчето соработувал со најдобрите.

Да се работи со Николче и Борче е чест и привилегија. Вистински мајстори во својот занает, впрочем и нивните дела кои ги имаат создадено сведочат за тоа што јас го зборувам, завршува Куновски.

Куновски најавува дека наскоро ќе го чуеме и со нова песна. Слушнете ја „Празен календар“:



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.