Игор Којиќ, после караницата со Северина поради која наводно се разведуваат, веќе нема да се враќа во Загреб.

Како што тврдат упатените, тој наводно се поздравил со некои пријатели и најавил враќање во Белград, својот роден град кој го напуштил пред три години кога се ожени со хрватската пејачка.

-Игор и Севе веќе некое време не функционираат баш најдобро. Славата на таткото на Игор, Кеба, го пореметила нивниот однос, а кулминацијата се случила кога Севе не се појавила на концертот на нејзиниот свекор. Тој ден таа и Игор се скарале додека таа одела во Белград, по што таа од пола пат се вратила во Загреб. Тој многу се налутил и решил да остане во Белград, па се јавил на некои пријатели и им рекол дека веќе не се враќа во Хрватска – вели извор близок на семејството Којиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.