Новата песна на Драган Величковски Тајзи е насловена „Гори“.
Таа е прва од неколкуте песни кои ќе ги чуеме оваа година од Тајзи, повторно во соработка со Балкатон продукција на Раста. Песната е на македонски јазик и како и секогаш е нешто различно и автентично од нашиот артист Драган Величковски Тајзи .Последно нешто од овој тим беше „Пабло“, песна која беше вистински хит изминатата година и вртеше по радио станиците и клубовите низ целиот Балкан, велат оттаму.
„Гори“ е снимена во студиото на еден од најдобарите продуценти во Македонија , Лазар Цветковски, музиката и текстот се на Тајзи, а аранжманот и мастерот на Лазар.
Спотот е во режија на Даниел Јовески.
Целиот склоп на луѓе и енергии во проектот дава една убава хармонија и заразен ритам кој те тера да ја пуштиш повторно. Спотот повторно изгледа како да не е снимен во нашата земја, а во него покрај убавите локации, можеме да видиме неколку преубави Македонки како и жонглерската група од Битола – Acid Triple“- вели Тајзи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.