Годинешново издание на ЗДРАВО МЛАДИ ќе го отворат Луфтанза (Lufthansa) – еден од новите, водечки бендови на македонската алтернативна сцена!
Бендот е основан во 2020 година и негови членови се: Иво Николовски, Андреј Димовски, Лука Јованоски, Виктор Стојановски, Раде Биковски и Мартин Џорлев.
Као што велат самите свират пост панк, психоделичен рок и сѐ што ќе им дојде во моментот, а ова е прв пат да настапуваат во МКЦ.
На 5 април 2021 го објавија својот прв албум насловен „Демо Тејп I“, а на 17 јули, истата година и вториот албум „Демо Тејп II“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.