„Дај ми фидбек“ е новата авторска песна на бендот „Фидбек“, која предпразнично ја промовираат заедно со видеоспотот. Се работи за комплетно дело на Драган Ристовски.

Видеото, кое го изработи продукцијата „Вертиго Креатив“, се снимаше на неколку локации низ Скопје.

Снимавме во градскиот парк и во неколку ресторани. Тимот со кој соработувавме, даде сè од себе за овој наш проект излезе баш онака како што го планиравме, од песната, па сè до самото видео. Нормално, ова е само најава за сите планови следната година на музички план, која веруваме ќе биде доста продуктивна, доколку ги реализираме сите идеи. Нека ни се среќни празниците и слушајте македонска музика, велат момците од бендот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.