Секој јули, „Адико Фјужн“ бината на ЕГЗИТ фестивалот, во склад со своето дведецениско име и концепт, на публиката во горниот град на Петроварадинската тврдина ѝ испорачува внимателен микс на жанрови од сите делови на музичкиот спектар. И ова лето, од 4-ти до 7-ми јули на едно место ќе собере култни имиња, но и херои на новата генерација. Своите настапи веќе ги потврдија поранешната пејачка на познатата група „Најтвиш“ (Nightwish) и метал дивата со оперски вокал, Тарја Турунен, како и британскиот ска состав Д Селектер, како и новосадските панкери Атеист Рап. За на Фјужн да не недостасува некој жанр, секогаш ја има и Сајси Ем Си и неприкосновеното хип-хоп трио Бед Копи, чии настапи на бината секогаш се преполни со посетители до каде што досегнува погледот.

Ним од денес им се придружува и македонскиот драмско-музички проект Црнила Ремикс! Тука се и Свемирко, бендот со специфичен звук кој моментално е во центарот на регионалното внимание и со звук кој потсеќа на големите Д Кјур (The Cure), манчестерската инди четврорка Д Кејс (The K’s), како и цела плејада на регионални бендови сочинета од Ајсбрн (Eyesburn)Самостални референти, Елвис Џексон, Кал, Сикст Џун (Sixth June), Монгуз енд д Магнет (Mongooz and the Magnet), Абоп (Abop) и Реивен (Raiven).Сепак, посебно место во срцето на љубителите на Адико Фјужн бината е резервирано за маестрото на панонските шансони, Звонко Богдан, чии концерти на Егзит се нешто што секој мора некогаш да го доживее.

Прикладно е на првиот ден на фестивалот, на 4-ти јули, кога на Адико Фјужн бината настапува култниот ска состав Д Селектер, ЕГЗИТ да ги угости и домашните легенди на оваа сцена, Самостални референти, состав кој веќе 23 години освојува со својата мешавина од панк и ска музика, а оваа година ќе го израдува регионот и со нов албум! Истиот ден, новото лице на регионалниот електропоп и словенечката мултиталентирана уметница Рејвен на публиката ќе ѝ ги претстави своите нови нумери, меѓу кои загарантирано ќе се најде и „Сијај“ и „Јадра“, кои заедно бројат речиси половина прегледи на ЈуТјуб!

Уште следниот ден, во петок на 5-ти јули, надалеку познатата музичка иновативност и талентот на Манчестер ќе ги презентира Д Кејс, возбудлива инди четворка која го привлече вниманието со синглот „Сараево“, кој стана хит на сите музички платформи. На истиот ден присутните на патувањето низ музичките жанрови ќе ги понесе и познатиот словенечки бенд Елвис Џексон, кој веќе 20 години приредува настапи полни со енергија и нумери во кои се преплетува ска, панк, реге, метал и рок и кои ги однесоа на некои од најголемите европски музички случувања! За јаките гитарски рифови, вториот дел од фестивалот задолжен ќе биде мултикултуралниот состав Монгуз енд д Магнет, чии членови се по потекло од Унгарија, Норвешка и Ирска, а за чие пробивање на музичката сцена е заслужен токму нивниот блуз рок звук кој освојува на прво слушање!

Експерименталната страна на музиката и уметноста воопшто, на публиката ќе ѝ ја прикаже македонската екипа зад Црнила Ремикс, првата и единствена хип-хоп претстава во регионот! Овој сосема поразличен поглед на класична драма, која ја потпишува еден од најеминентните македонски драматурзи Коле Чашуле, е поставен во контекст на модерен хип-хоп албум од популарната македонска група „Зад аголот“.

Третиот ден на фестивалот, сцената ќе биде резервирана и за познатите Ајсбрн, кои оваа година одбележуваат голем јубилеј – 20 години од првиот голем настап, а минатата година одржаа долгоочекуван камбек концерт во „Хала спортова“, која ја наполнија речиси до последното место! Синтпоп бранови во сабота ќе донесе саканото српско дуо Сикст Џун, кој базата на фанови во Србија и пошироко, помеѓу останатото во Германија, ја стекна со нумерите како „Drowning“, која брои речиси 700 илјади прегледи на Јутјуб. За нивниот статус на најдобри говори и фактот дека промоција на еден од албумите имаа во познатиот берлински клуб „Бергхаин“, додека до крајот на годината се очекува и ново издание! Музичкото шаренило на Адико Фјужн тој ден ќе го демонстрира и белградскиот состав Кал, чиј правец одредени странски критичари го опишаа како „рок енд рома“, а кој ги доведе до настап на сцените на фестивалските гиганти како данскиот Роскилде и унгарскиот Зигет.

Новиот бран на имиња ја носи и една од најголемите сензации на балканската музичка сцена, која ќе настапи на самиот крај на фестивалот, во недела на 7-ми јули – електропоп составот од Хрватска – Свемирко! Оваа петорка носи заразни синт звуци, а својата база на фанови ја собра со албумите „Ванилија“ и „Тунгузија“. Нумерите како „Жена од ванилије“ и „Мирис града“ без проблем „собраа“ преку 200 илјади Јутјуб прегледи. Интересно е и што домашните медиуми ги споредуваат со обожаваниот југословенски нов бран, но и со бендови како Д Кјур, кои исто така доаѓаат на овогодинешниот ЕГЗИТ! Од соседството доаѓа и аудиовизуелниот состав АБОП, кој со својата електронска музика изведена во живо нема да ја остави публиката мирна, а Адико Фјужн бината загарантирано ќе се трансформира во журка на отворено! Живата ритам машина од Загреб веќе со години полни голем број клубови,  благодарение на петте врвни музичари кои неодамна беа номинирани на Berlin Music Video Awards за спотот на песната „Right Now“! После две години, на бината која многумина ја сметаат за омилена на фестивалот, се враќа легендарниот Звонко Богдан, чиј последен настап на тврдината  сè уште се прераскажува поради неверојатната количина на позитивна енергија која владееше меѓу публиката и познатиот пејач.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.