Спектакуларниот концерт на Нокаут ќе се одржи на 26-ти декември во 21 часот во наменски подготвената просторија во Скопје Мериот хотел. Концертот покрај тоа што претставува уникатен предновогодишен настан, исто така е можност за сите љубители на музиката на Нокаут да бидат дел од снимањето на новиот акустичен албум во живо. Вратите на Мериот се отвораат во 20 часот, се до 21 часот, додека не започне снимањето на специјалниот албум.
Нокаут ќе настапи заедно со Игор Џамбазов, а специјален гостин на концертот ќе биде Гуру Харе. Заедно, тие ќе се обидат да ве однесат на едно романтично патување во кое сите присутни ќе станат дел од историјата на бендот. Овој ексклузивен настан ќе се преточи во една магична вечер во која сите присутни ќе уживаат во романтичните музички ноти и во акустичниот звук кој гарантира незаборавни спомени.
Нокаут се одлучи својот акустичен албум во живо да го сними во Скопје Мериот хотел како најуникатна локација и простор кој комплетно одговара за создавање атмосфера за снимање на албумот. Доживувањето ќе биде уште поголемо бидејќи Скопје Мериот хотел ќе создаде таков амбиент во кој сите присутни ќе ја доживеат музичката магија, заедно со главните помагатели на настанот – SATO, одговорни за звук и светло, Ballantine’s и Тиквеш за врвните пијалаци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.