Пејачот Џастин Бибер(25) многу млад стекна огромна слава и многу пари, после што се одаде на пороци, најмногу наркотици.

Како што раскажува, поради тоа денеска се бори со анксиозност, а неодамна откри и дека боледува од лајмска болест.

Пејачот за своите проблеми отворено зборува во документарната серија Сезони, во која открива дека секојдневно ја користи својата приватна хипербарична комора и прима инфузиии, како би се ослободил од токсините.

Многу се мачам со анксиозноста. Вака мозокот добива повеќе кислород и се намалува нивото на стрес – вели Бибер.

Дел од неговата терапија се и антидепресивите, кои му помагаат да стане од  кревет наутро.

 

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.