Бендот „Дупер“ по хитовите „Не сум твој тип“ и „Тело за на ТВ“ од неодамна се најдоа на листата на ексклузивци на Авалон продукција.

Овојпат продукцијата ја претставува новата авторска песна на Дупер, „Ние сме 2“, која се снимаше во студио „Подрумот“ кај Ангел Ќосев. Видеозаписот, пак, е во режија на Томи Акимовски.

„Дупер“ неколку дена активно ја најавуваа новата песна „Ние сме 2“, која ја објавија синоќа и веќе има повеќе од 8.000 прегледи на YouTube. Видео записот е минималистички, но впечатлив и уникатен, а музиката ќе ве размрда уште на прво слушање. Како и претходните две песни, очекуваме и оваа да стане хит кој нема да ви излезе од глава, а фановите веќе се „заразени“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.